еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Што се pooling тестови: Нова поевтина услуга во „Жан Митрев“ за откривање на корона вирусот

Лабораторијата за Генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ воведува нова поекономска услуга за детекција на новиот коронавирус (SARS-CoV-2).

„По примерот на многу држави во светот, овозможуваме комбинирање на 3-5 примероци во еден тест (pooling).

Доколку тестот е негативен, сите тестирани примероци со него се негативни.

Доколку тестот испадне позитивен, сите примероци се тестираат поединечно за да се утврди од каде потекнува позитивниот сигнал.

Овој тип на тестирање може да биде применлив за сите, но е најсоодветен за луѓе коишто работат во ист работен простор (како фабрики, болници, компании), се дел од истата фамилија или поминуваат голем дел од денот заедно.

Цената на тестот е 1.500 ден по пациент,“ информираат од клиниката на нивниот фејсбук-профил.

За повеќе информации за резервирање на термин јавете се на телефонскиот број 02 3091 484.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега попишани 308.551 граѓани

Редакција

(Видео) Мијата и Фолтин ја објавија песната „Ме боли“

Редакција

(Галерија) Како изгледа: Отворена најголемата игротека под отворено небо во Скопје

Редакција