еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец со мотор удри во девојка

На 29.04.2020 во 18.30 часот било пријавено дека во с.Инџиково, скопско, мотоцикл „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(34) од Скопје, удрил во пешакот В.М.(19) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец во продавница за обувки чувал 13.000 пиротехнички средства

Редакција

Приведен велешанец кој украл „бмв“ во Скопје, возилото вратено на сопственикот

Редакција

Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“, за кое родителите на децата протестираа, нема да се дава под закуп

Редакција