еМагазин
Image default
Балкан

Словенија се враќа во нормала, на 18 мај ги отвора градинките и училиштата

Министерството за образование, наука и спорт на Словенија објави дека на 18 мај и дефинитивно се отвораат училиштата и градинките, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Сите приватни и државни градинки ги прават последните подготовки за да можат за помалку од две недели да продолжат со нормална работа.

Што се однесува до училиштата, први на редовна настава ќе се вратат децата од прво, второ и трето одделение, а тие од девето со настава ќе продолжат на 25 мај.

Според најавите до крајот на оваа недела градинките и училиштата ќе ги објават сите детали околу повторното стартување на воспитно-образовниот процес.

Националниот институт за јавно здравје излезе со насоки и стандарди за безбедност кои треба да ги исполнат образовните установи со цел да се спречи можното ширење на коронавирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради гените на Балканот има помалку починати од коронавирусот, тврдат белгиски научници

„Јутарњи“: Парламентарни избори во Хрватска во јули

Следната недела почнува скрининг тестирање за корона вирусот кај сите критични категории

За летување во Грција освен здравствена потврда, можни и меѓудржавни договори, за да матичната земја одговара за туристот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Триесетгодишен македонски државјанин се удавил кај Дубровник

Редакција

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Редакција

Српскиот пратеник кој гледаше порно во Собрание експресно поднесе оставка

Редакција