еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најголем дел од 9. новозаразени во Велес се вработени од конфекцијата ЈУ-КА и членови на нивните семејства

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски денеска упати апел до велешани дека нема место за вознемиреност, бидејќи заразата е точно лоцирана меѓу вработени во конфекцијата ЈУ-КА со исклучок на двајца пензионери.

Тој им порача на граѓани сепак да не се опуштаат, да се однесуваат совесно и одговорно и да ги почитуваат мерките за лична заштита и држење растојание.

Тој на прес-конференцијата информира дека најголем дел од деветте новозаразени се вработени од конфекцијата ЈУ-КА и членови на нивни семејства и дека заразата е лоцирана.

Посочи дека денеска телефонски разговарал со сопственикот на конфекцијата ЈУ-КА и тој го известил дека во саботата донеле одлука да прекинат со работа, а моментално на работа оделе 15-тина вработени, најголем дел од администрација и дел од вработените за тековно одржување.

Коцевски рече дека исклучок се двајцата пензионери заразени со Ковид-19 кои тврделе дека седеле дома и оделе само до аптеки и до маркет да пазарат.

– Новонастанатата состојба во Велес е предупредување за сите општини и населени места во земјава дека не треба да се опуштаме и дека треба да бидеме внимателни при контактите и совесно и одговорно да се однесуваме до препораките на заштита, порача Коцевски.

Тој информира дека со новозаболените девет лица бројот на регистрирани со Ковид-19 во Велес се искачи на 93 и двајца во Општина Чашка или вкупно 95 заболени.

Изминатите 24 часа, Коцевски соопшти дека, еден пациент од Велес починал, а еден е ставен на респираторна машина на Инфективната клиника во Скопје.

Досега во Велес се излекувани 44 со два негативни теста, а 47 моментално се активни.

На домашно лекување се 28 пациенти, а 21 пациент се на Инфективното одделение во велешката Општа болница, од кои кај 20 е потврдено присуството на Ковид-19, а кај еден се чека резултат од контролен тест.

Коцевски информира дека двајца пациенти се на поддршка од кислород.

– Согласно денешните одлуки на седницата на Општинскиот кризен штаб, во наредните денови ќе се изврши вонредно дезинфицирање на парковските површини во градот и кај езерото „Младост“ каде има рекреирање на граѓаните во природа, а со цел да се заштити нивното здравје, посочи Коцевски.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако му се влошила состојбата, 70-годишен велешанец починал од коронавирусот на пат кон Скопје

Убава вест: Оздравени 22 пациенти заболени од коронавирусот, вкупната бројка е 1.079

Нови 33 заразени со коронавирусот, раст на бројот во однос на изминатите денови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими

Редакција

Сега е време за вистински потези, порача хрватскиот премиер Пленковиќ од Скопје

Редакција

26-годишна девојка од Кавадарци пронајдена мртва во Штип

Редакција