Маврово е секогаш добра дестинација за посета како на лето така и на зима, бидејќи местото е убаво во секое годишно време.
Освен што ќе дишете чист планински воздух, во близина е Галичник кој може да се посети и да се ужива во туристичката понуда, кој веројатно по кризата повторно ќе биде возобновена, а меѓудругото и во вкусната галичка храна, како и јавањето на коњи.
Маврово е вистински спас за летните горештини, а имате можност и за прошетка околу езерото, возење велосипеди. Пределот кон Дебар, по течението на реката Радика е еден од најживописните, така што возењето и попатното застанување во тој дел е вистинско уживање.
Понудата за сместување е како во хотели, така и приватно издавање на апартмани, а како опција го претставуваме апартмани „Филип“, кој доколку ви се допадне, за подетални информации може да се обратите ОВДЕ.
„еМагазин“ следниот период, како и до сега, ќе дава предлози за посета на убави ресторани, хотели, апартмани и дестинации низ Македонија, се со цел промоција на домашниот туристички потенцијал и за полесно да се преброди кризата која настана со коорна вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово
(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму
Најубавото од Галичник: Што е тајната на вкусот на галичкото сирење
Британски туристи шест дена поминаа 230 километри во јавање коњи на Галичник
Фото: Фејсбук/апартмани Филип