На 07.05.2020 во 19.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Панче Неделковски“ настанал пожар во паркирано патничко возило „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(42) од Скопје, информира МВР.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.