еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Досегашните мерки остануваат на сила, одлучи Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство информира дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.

“Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила.

Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.

Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 107: Во Велес шест новозаразени со коронавирусот

Раст: 36 нови случаи на заболени со коронавирусот, најмногу во Тетово

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Лиле Стефанова, која е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство

Редакција

Прва седница: Кои се новите членови на Советот за безбедност

Редакција

Стружанец и Гостиварчанец починаа од корона вирусот

Редакција