еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Сакаме избори летово кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека се за одржување избори ова лето, но за избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Повтори дека приоритет на партијата пред се е здравјето на граѓаните, а потоа фер и демократски избори.

Тој во вестите на телевизија Телма посочи дека принципот на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе настапи на лидерската средба е прв и основен приоритет е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за било какви датуми што ќе овозможат фер и демократски презентирање на политичката платформа.

– За да видиме кога ќе се одржат избори сакам да ги слушнам здравствените власти и по тоа да се водам, а исто така и претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), колку време е потребено за подготовки на предвремените парламентарни избори, рече Мицкоски.

Тој посочи дека според правните норми по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се организираат изборите.

– Сакаме избори ова лето. Сакаме избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Сакаме да бидат избори кои ќе донесат нова власт која ќе знае да се справи со последиците од корона вирусот.

Гледате ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, но мене ми е поважно здравјето на граѓаните, а не да се бројат жртви од корона вирусот“, појасни Мицкоски.

Тој се надева дека за датумот на изборите ќе се постигне консензус со останатите политички партии.

– Сценарио од аспект на тоа како понатаму ќе се одвиваат изборните дејства треба да каже ДИК. Практично колку време им е потребно за да го спроведат овој фер и кредибилен изборен процес.

Ќе ве потсетам на овие избори и покрај тоа што граѓаните ќе бираат, а политичките партии ќе ја бараат поддршката на граѓаните, морам да ве потсетам дека неопходно е да имаме кредибилно присуство на меѓународни набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР.

Вие претпоставувам следите и знаете дека границите на ЕУ остануваат затворени до 14-ти јуни.

Понатаму би сакал да ве потсетам дека Светската здравствена организација (СЗО) за 3 месеци го продолжи рокот за од кога ја прогласи пандемијата. Така што има многу фактори кои што треба да се анализираат пред да ја донесеме конечната одлука, појасни Мицкоски.

Мицкоски апелира до сите политички чинители да бидат зрели, да бидат над ситуацијата, да не се загрозува здравјето на граѓаните, и да не се водат од личните партиски интереси, туку да се водат од интересите на граѓаните.

– Не смее тоа дали кафулињата ќе работат, или не работат да ни биде критериум по кој што ние ќе го определиме датумот на изборите, истакна Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори на 14. јуни, предлага СДСМ и коалицијата „Можеме“

Избори се ближат, „бомби“ се нижат

Снимките за Мицкоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Редакција

Ердоган: Анкара ќе го поддржи влезот на Шведска во НАТО доколку ЕУ повторно ги отвори преговорите со Турција

Редакција

Ќе остане ли некој во ВМРО-ДПМНЕ: И претседателот на УМС Кржалоски, поднесе оставка

Редакција