еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд ја запре забраната за движење за лица до 18 и над 67 години

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата и одлучи да ги запре актите со кои се регулира движењето на граѓаните на возраст над 67 и до 18 години.

Тоа значи дека овие категории граѓани сега ќе можат да се движат како и останатите од 5 до 19 часот.

„Судот донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, соопшти Уставен суд.

Инаку, со точката 2 од членот 1 од оспорената одлука на Владата е предвидена забрана за движење на лицата со возраст над 67 години, од понеделник до петок, во временски период од 12.00 часот до 5.00 часот наредниот ден и од 11.00 часот во сабота, до 5.00 часот во понеделник.

Со точката три е предвидена забрана за движење на лицата со возраст до 18 години, од понеделник до петок, во временски период од 19.00 часот до 13.00 часот наредниот ден, во сабота од 5.00 часот до 12.00 часот и од 15.00 часот до 13.00 часот во понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставен суд не поведе постапка за продолжувањето на вонредната состојба

Уставен суд: Одлуката за задржување на висината на платите на функционерите е донесена едногласно

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Редакција

Русија соопшти дека ги исполнила првичните цели на инвазијата врз Украина

Редакција

Во Сарај постигнат цензусот: Гласале 54,21%

Редакција