еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Голем пожар во Вејце „проголта“ куќи и штали, повредени пет лица

Четири лица со полесни повреди, еден хоспитализиран за испитување, изгорени вкупно пет објекти-куќи и штали со добиток е билансот од пожарот што вчера попладне се случи во тетовското планинско село Вејце.

Пожарот започнал во 16 часот, а биле потребни неколку часа за да се изгаси и ликвидира.

„Интервениравме со два противпожарни камиони и седум пожарникари. Дадовме максимум да го ставиме под контрола. Имаше ветер што придонесе за ширење на огнот“, истакна Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања. Мештаните на кои им изгореле шталите имаат штета и поради тоа што им изгорел и дел од добитокот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите погледи вперени во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има ли нов предлог за прв човек на МВР?

Редакција

Се запали автомобил во движење во Струмица

Редакција

Заев на „Отворен Балкан“: Кога ЕУ потфрла ние имаме обврска постојано да преземаме иницијативи што го европеизираат регионот

Редакција