еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев за една од „бомбите“: Александар Верушевски ме снимал на ручек кај мене во Струмица

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден од разговорите што се појавија во јавноста каде тој зборува за невладиниот сектор итн, рече дека тоа бил Александар Верушевски, синот на неговиот советник и поранешен директор на Управата за безбедност и контразузнавање (УБК), Зоран Верушевски.

„Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил.

Тој е мој пријател, но ете така одлучил, така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил, така правел“, рече Заев.

МИА/Фото: Фејсбук/Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Четири “бомби“ и за Заев

Избори се ближат, „бомби“ се нижат

Заев: Во снимките се потврдува дека Чауш имал допир со „бомбите“, кога биле дадени на преведување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за 39-годишен кумановец осомничен за полов напад врз сопствената ќерка, снимал видеа и ги објавил на социјални мрежи

Редакција

По 40 години и последен настап со „Леб и сол“, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт

Редакција

Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата

Редакција