По вчерашниот ден без новозаболени, денеска во Прилеп се регистрирани два нови случаи на коронавирусот. Има дури шест случаи на оздравени лица. Со ова, во моментов во Прилеп активни се 59, од кои 39 се лекуваат во домашни услови а 20 лица се на болничко лекување.
На инфективното одделение во прилепската болница се 19 лица, од кои 16 се позитивни на коронавирусот. Во одделот за изолација се тројца пациенти, од кои двајца се негативни на Ковид-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се 158 лица.
Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.
МИА/Фото: Општина Прилеп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новозаразените со коронавирусот во Штип се членови на семејството на заболен таксист, кој не работел
Нов позитивен случај на Ковид-19 во Добри Дол
Во Свети Николе нема заболено лице од коронавирусот, туку во Општина Лозово