Четворица припадници од МВР, кои учествувале во прославата на Денот на полицијата на 7 мај се позитивни на корона вирусот, откри министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во вечерашното гостување на ТВ „24“ во дебата со потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Велите се грижите за здравјето на граѓаните, а единствено министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ против сите препораки направи прослава со повеќе од 50 присутни на едно место. Прво не обрука кога димна бомба заврши кај амбасадорите, буквално го загрози здравјето“, рече Шеќеринска.
Вечерва реагираше и македонскиот полициски синдикат кој го повика министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев веднаш да преземе засилени мерки и активности за заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно директно изложени на опасност од зараза со коронавирусот.
-Од денеска не смее да се дозволи ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција, бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните.
Итно бараме да бидат преземени минимум следните мерки и активности: преку службите за општи и заеднички работи до сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи кои при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа, пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила, како и да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите,“ наведуваат од Синдикатот.
Македонскиот полициски синдикат апелира и до колегите максимално да се придружуваат до мерките за заштита од Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новозаразените со коронавирусот во Штип се членови на семејството на заболен таксист, кој не работел
Лицата кои се заразија со коронавирусот на семеен настан во Скопје се од Чаир
Новозаразените со коронавирусот во Штип се членови на семејството на заболен таксист, кој не работел
Фото: МВР