еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Приклучувањето на парно греење поевтинува за 37 отсто

За 37 отсто да се намали надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, предвидува една од главните измени во мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, кои ги одобри Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Клучната цел е да се поттикне што поголем број новоизградени објекти да се приклучуваат кон системот за дистрибуција на топлинска енергија.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се одобруваат мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија подготвени од дистрибутерот, со што практично се намалува надоместокот за приклучување кон системот на топлинска енергија од 3.185 ден./kW на 2.000 ден./kW.

Со оглед на фактот дека претходно е намален и трошокот за приклучување на електрична енергија од 30.255 денари на 22.745 денари, очекувам инвеститорите на новите згради овој тренд на намалување да го пресликаат соодветно при формирањето на цената за квадратен метар.

Пониската давачката за приклучок за греење на градското парно треба да биде мотив за инвеститорите да бидат поконкурентни во цените и да покажеме заеднички дека имаме цел греењето да се префли кон еколошките енергенти.

Овие чекори се само увертира кон крајната цел, а тоа е градот да биде мапиран прецизно каде ќе се грее на електрична енергија, топлинска енергија и природен гас“, изјави Марко Бислмоски, претседател на РКЕ.

Во измените е предвидено посебните технички услови за проектирање, изведба и одржување на системот за дистрибуција, што досега го носеше самостојно операторот и го објавуваше на својата веб-страница, дополнително да биде одобрен од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

„Во следниот период сите нови објекти што ќе се приклучуваат на системот за топлинска енергија е потребно да имаат вградено уреди за локално распределување на топлинската енергија. Оваа можност да се има регулација колку е потрошена топлинска енергија соодветно на потребите на станарите објектите ќе ги направи поатрактивни од економски и еколошки аспект“, додаде Бислимоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја зголеми ли Ковид-19 цената на храната: Ќе јадеме ли поскап леб?

Редакција

Се најавуваат отпуштања во преработувачката индустрија

Редакција

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8%

Редакција