еМагазин
Image default
Бизнис

ССМ бара недела да биде неработен ден за сите работници

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека здравствена криза предизвикана од Ковид-19 покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.

-Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден, соопшти ССМ.

Воедно потсетува дека покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство во насока на заштита на работничките права и обезбедување баланс меѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да бидат и сабота и недела.

-Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.

Анализите и примерите покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството, за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи, ниту бизнисот, ниту работниците и граѓаните, оценува Сојузот.

ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање правна рамка за почитување на демократските вредности ќе се изнајде правно решение со кое недела ќе биде неработен ден.

-Ваквата иницијатива на ССМ веќе се покажува и во пракса и голем број работодавачи своеволно ја прогласија недела за неработен ден. Тоа е примерот што треба да го следат и останатите работодавачи, како и Владата, наведува ССМ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабрика „Карпош“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на бул. „Босна и Херцеговина“ вреден 149 милиони денари

Редакција

Горан Петревски именуван за член на Надзорниот одбор на Охридска банка

Редакција

Владата на привремени вработувања ќе потроши 128.000 евра

Редакција