еМагазин
Image default
Македонија

Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизија „24“ информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

Во однос на почетокот на работата на школите од септември, тој додаде дека ќе почнат да работат, но учениците ќе бидат поделени во групи.

„Во септември училиштата ќе почнат да работат, можеби не со вообичаен капацитет, меѓутоа сигурно ќе почнат, па ќе бидат поделени во групи. Покасно во есента имаме ризик од тоа што секоја година ни се случува, а тоа е сезонскиот грип.

Тоа се работите коишто нас не тераат да мислиме дека сега епидемијата е најмногу под контрола и дека на есен навистина може да се соочиме со еден повторен пик со висок раст на бројот на пациенти, нешто на што укажува Светската здравствена организација (СЗО), а за што се подготвуваат многу земји во светот,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: Полицискиот час ќе почне во 11 часот во недела и ќе заврши во вторник во 5 наутро

Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Лица кои учествувале на литијата во Струга имале белодробен наод кој одговара на Ковид-19

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внукот на Ахмети, Фатмир Лимани се приклучи кон Движењето Беса

Редакција

Министерката Божиновска тврди дека немала повеќе бугарско државјанство, го имала поради деловни активности во ЕУ

Редакција

Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, побарал одложување на издржување на казната

Редакција