Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар во Годишниот извештај за минатата година, објавен на Македонската берза, ги објави платите и примањата на менаџментот.
Меџит Цапа, председател на Одборот на директори, кој е пензионер лани имал примања од 70.000 денари-награда како неизвршен член на Одборот.
Албиона Риза, кој е извршен директор имал 88.000 денари нето плата и 166.050 денари според менаџерски договор.
Трим Ќемали, заменик извршен директор имал 88.000 денари нето плата и 166.050 денари според менаџерски договор.
Шпреза Цапа, неизврен член на Одборот на директори, пензионер имал примања од 70.000 денари- награда како неизвршен член на Одборот.
Бјонда Баланца, неизвршен член на Одборот на директори имал 32.279 нето плата и 6.000 денари месечна награда како неизвршен член на Одборот на директори.