Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово 2 и Прилеп 2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.
Последната дистрибуција по градови е Скопје – 701, активни 189, Куманово – 425, активни 26, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 3, Прилеп –208, активни 53, Тетово – 165, активни 70, Струга – 71, активни 4, Велес – 127, активни 45, Битола –28, активни 7, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1. Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.
“Направените 744 теста се преку: Институт за јавно здравје –462, Ветеринарен факултет -28, Авицена –38, Биотек -37, Филип Втори (Жан Митрев) –38, Систина со PCR метода 22- и МАНУ -119.
Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411
Фото: Кабинет на претседателот