еМагазин
Image default
Македонија

Филипче упати апел да се зголеми свесноста за донирање на органи

На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент Иван Огњановски, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче по повод првата трансплантација на срце во државата.

Тој додаде дека два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

„Еден чин, еден акт, една организација, предоперативна примена, оперативна интервенција, и постоперативен тек што сите нас овде не прави сите нас овде многу горди. Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин на човекољубие на алтруизам поради тоа што семејството Диневи пред неколку дена ја загубија својата сакана мајка и сопруга и после дијагностицирањето на мозочната смрт, се согласија да ги донираат срцето и бубрезите на починатата,“ рече Филипче.

Тој верува дека со ова ќе се испрати многу силна порака до сите наши граѓани колку е битно донирањето органи дека тоа во одреден момент спасува животи.

„Кардиохиругијата и медицината имаат периоди на моќ и на немоќ. До вчера не бевме моќни да го спасиме животот на Иван Огњановски и тој самиот, медицинските тимови беа свесни дека ги живее последните денови, но со овој чин на алтруизам на семејството Диневи, на Миле, Влатко и Викторија, со нивна согласност, срцето на нивната сакана сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот,“ рече министерот.

Сепак, додаде тој, борбата е на почетокот.

„Заврши еден од најтешките делови, се надеваме дека во процесот кој што следи организмот нема да го отфрли срцето и исто така и двата бубрези кај другите двајца реципиенти кои сега ќе живеат многу поквалитетен живот и нема да одат на дијализа,“ рече Филипче.

Вчерашната интервенција, како што кажа, е многу битна и од еден друг аспект.

„За првпат се обединија знаењата, капацитетите, искуството и експетизата на тројцата наши врвни кардиохирурзи, проф. д-р Сашко Јовев од државната Клиника за кардиохирургија, академик Жан Митрев од Клиниката „Жан Митрев“ и проф. д-р Александар Николиќ од Клиниката Аџибадем Систина, којшто покажаа дека здравјето на граѓаните е на прво место, и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлии,“ рече Филипче.

Министерот им честиташе на сите припадници на тимот, кои како што рече со огромна доза на ентузијазам, пожртвуваност и висока професионалност покажале како се работи за да се спаси човечки живот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Емилија Динева е жената која почина во сообраќајка, а семејството ги донираше нејзиното срце и бубрези

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претседателот Иванов со сопругата пречекани со највисоки почести од кралот на Јордан

Редакција

Филипче: Засега нема простор за затворање на градовите и за дополнителни рестрикции

Редакција

Разрешен в.д. директорот на Конзерваторскиот центар, Костантин Димитровски

Редакција