Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство.
Од Клиниката за урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.
Пациентите се жена на возраст од 45 години од Скопје и маж на возраст од 40 години од Куманово, кои имаа хронична бубрежна слабост и со години беа на дијализа.
На трансплантација на бубрезита работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По трансплантацијата на срце, Иван е добар: Следува најважниот период од неговото закрепнување
Докторите кои ја извршија трансплантацијата на срцето: Oва е круна во државната кардиохирургија