еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Голем раст: 174 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

Заклучно со податоците објавени вчера, во Македонија, се регистрирани 1.999 лица заразени со Ковид-19.

“Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 45 години).

Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 437 (21,9%) со инциденца од 114,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 146,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (408 заболени).

Најниска инциденца од 35,0 и 37,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 80 и 94 случаи соодветно“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно податоци до 24.мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Заклучно податоците до 19. мај, како што објави еМагазин пред неколку дена, бројот на лица заразени со вирусот на возраст до 19 години изнесуваше 149, а според последните податоци на ИЈЗ тој се искачи на 174.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Фамилијарни кластери во Скопје продолжуваат да го зголемуваат бројот на заразени со корона вирусот

Нов фамилијарен кластер во Скопје, заразени и 4 деца, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/графикон: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го раскинува договорот меѓу фирмата ХЕЈ ДООЕЛ и Државната лотарија

Редакција

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика во ТИРЗ Скопје

Редакција

Хуманитарна изложба на децата од основните училишта во Центар и концерт на “Златно Салвејче“ за помош во лекувањето на Леоид Индов: Да му помогнеме на Лео да ги надмине предизвиците

Редакција