еМагазин
Image default
Македонија

Дваесет лица не го почитувале полицискиот час, приведени 17

Дваесет лица во земјава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на земјава на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горко кафе за крај на двомесечниот полициски час: Системот издржа, а граѓаните?

„Срушивме полициски со оро?“: Твитер реакции за укинувањето на полицискиот час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден месец Македонија има над 3.000 новозаразени со корона вирусот

Редакција

Уапсени поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер Салиу, поранешни и сегашни директори на ДЗС, за пожарот во Кочани

Редакција

(Фото) Пристигнаа 30.000 вакцини од кинеските „Синовак“, донација од Турција

Редакција