Вселенското летало, дизајнирано и изградено од приватната компанија „SpaceX“, беше лансирано во орбита со двајца астронаути од американската вселенска агенција НАСА.
Тоа е историско лансирање од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, првото што го изврши приватна компанија. Истата лансирна рампа беше користена за време на мисиите на Аполо на Месечината, пред половина век.
Вселенското летало, со астронаутите на НАСА, Даг Харли и Боб Бенкен, влезе во орбитата набргу откако беше лансирано во 15:22 часот по локално време (21:22 часот од Централноевропско време).
Харли и Бенкен треба да пристигнат на Меѓународната вселенска станица, до која ќе летаат 19 часа.
Заминување на астронаутите на НАСА во орбитата е прво од територијата на САД за речиси 10 години.
МИА/Фото/видео: НАСА