Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу е во самоизолација поради приватна кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири која се случила во град на 30.05.2020 година, соопшти Агенцијата.
„Имајќи в предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција ,како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација.
Ние во АР за цело време додека трае ситуацијата со пандемијата успеавме да се заштитиме, а притоа да ги извршуваме редовните обврски“, велат од Агенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на семејството
Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот
Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири
Има негативен тест за Ковид-19, но Царовска оди во самоизолација, имала средба со Зекири
Фото: Агенција за разузнавање