еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина криела информации за Ковид-19, откриваат тајни снимки на СЗО

Снимки од онлајн состанок на Светската здравствена организација (СЗО) покажале дека таа организација многу тешко добивала потребни информации од Кина на почетокот на пандемијата на новиот коронавирус, што е спротивно со првичните пофалби кои СЗО ги упатуваше за Пекинг.

Снимките, во кои имала увид агенцијата АП, покажуваат како официјални претставници на видео-средба на 6 јануари се жалат дека Пекинг не споделува со светот потребни податоци за проценување на опасноста од вирусот.

Кина на 20 јануари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи пандемија.

– Работиме со многу малку информации. Тоа не е воопшто доволно за да подготвиме план, истакна Марија Ван Керхове, епидемиолог и технички водител на СЗО во текот на пандемијата на Ковид-19.

Шефот на СЗО во Кина, Гауден Галеа, на една од снимките, истакнува дека од Кина добиваат информации 15 минути пред тие да се објават на ЦЦТВ.

Извештајот се појавува по зголеменото незадоволство на меѓународната заедница поради кинеската реакција на коронавирусот и почетокот на независната истрага за потеклото на вирусот, кој досега зарази над шест милиони луѓе низ светот, а починаа повеќе од 375.000 лица.

 Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Kовид-19

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан ги отфрли наводите на американската агенција АП дека Кина ненавремено ја информирала Свестката здравствена организација за новиот коронавирус.

Тој нагласи дека извештајот на новинската агенција не е вистинит.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Вухан, каде почна епидемијата на Ковид-19 за половина месец истестирани 11 милиони жители

Корона вирусот го намалува животниот век и наталитетот во Белгија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40-годишен маж и 64-годишна жена загинаа во сообраќајката кај Штип: Детали од МВР

Редакција

Убава вест: Оздравени 641 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 248

Редакција

Јасмина, жената донор на срце и бубрези била мајка на 10 месечно бебе

Редакција