Одлуката на Владата да прогласи продолжен полициски час во Скопје од вечерва до понеделник наутро предизвика масовно напуштање на градот.
Очигледно жителите на Скопје кои имаат викендици и останати можности за сместување во останатите делови од државата побрзаа да побегнат од тридневниот карантин и да уживаат во местата каде што има потскратен полициски час.
Прашање е колку владините политики за затворање на Скопје, Штип, Куманово, Тетово и неколку помали општини ќе имаат ефект кога мнозинството граѓани од овие градови буквално бегаат од карантинот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…
Официјално: Рекордни 120 нови случаи на заразени со Ковид-19, во Скопје 67
Фото: Фејсбук/Горан Анастасовски