еМагазин
Image default
Македонија

Филипче за „бегството“ од Скопје: Мерките мора да се почитуваат каде и да се наоѓаат граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција наведе дека нема да се тестираат оние граѓани кои заминале викендов во некои од туристичките места, доколку не постојат индикатори за тоа и додаде дека мерките за карантин не се дискриминтароски, туку се носени врз основа на проценка на ризик од епидемиолошките анкети за тоа каде се движеле оние кои се дијагостицирани, а се астимптоматски носители.

Тој на прашањето околу тоа дали е коректна мерката да се воведе тридневен полициски час во Скопје, со оглед на тоа што повеќето граѓани го напуштиле градот и заминале во регони каде е воведен полициски час од 16:00 часот, нагласи дека каде и да се наоѓаат граѓаните мерките мора да се почитуваат за носење на заштитна опрема, држење растојание и негрупирање.

„Првичните резултати, откако повторно почнаа да доаѓаат случаи, во рамките на семејствата, околу оние семејни настани околу 24-25 мај и неколку денови претходно, дека има еден одреден процент на асимтоматски носители и заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контатки на претходно дијагностицираните.

Во рамките на движењето во Скопје, многу од овие луѓе дадоа податок дека се движеле низ целиот град, моравме да ја направиме оваа рестрикција за едноставно да се заштити целиот град Скопје, мислам дека на другите места каде што има спорадични случаи нема потреба од целосна рестрикција.

Впрочем од понеделник, најверојатно, нема да има никаква рестрикција ќе биде така како што беше до четвртокот насекаде, но ќе имаме целосен увид. Сите позитивни ќе бидат веќе ставени во изолација“, нагласи Филипче.

Тој рече дека сите сме сведоци дека во последните часови се пренатрупаа пред се туристичките места.

„Сметам дека, нешто поголем дел на граѓани заминаа, меѓутоа тоа е уште еден доказ дека колкав и број на граѓани да заминат, мора да се почитуваат мерките. Ние ќе треба да научиме да живееме со ова и понатаму.

Секој следен викенд ќе биде со убаво време и е можност луѓето да заминат на одредени места, ние во мерките за олабавување во следните чекори планираме и отворање на хотелите“, рече министерот.

Тој посочи дека е направена многу темелна анализа на кластерите во четирите региони кои се во карантин.

„Со оглед на тоа дека веќе ги знаеме, тие луѓе се веќе во самоизолација, но имало еден период кога не биле свесни и циркулирале низ целиот град. Во таа смисла и во смисла на заштита, а заради уште подетелна анализа на „следното колено“ на контакти на тие луѓе коишто се анализираа следните денови беше оваа рестрикција во движењето.

Значи дополнителна заштита во регионите од каде што овие претходно дијагностицирани со цел да не се направи некакво натамошно проширување на вирусот заради често движење“, потенцираше Филипче.

Тој истакна дека нема простор да се споредуваме со Италија поради тоа што точно се познати мини кластерите и тие се во изолација.

„Во однос на границите и 14 дневниот карантин кој Бугарија го воведе за македонски државјани ние не сме изолирани, туку земјите постапуваат врз основа на бројките, но не ги знаат сите други параметри“, посочи министерот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втор бран на корона вирусот: Петнаесетина семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Заболени со корона вирусот и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Кај едно семејство од 10 позитивни на корона вирусот, само еден е со симптоми

(Фото) Една фотографија, илјада зборови: Скопјани бегаат од карантинот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на Фејсбук: Загрижувачки вести од работата на комисијата за историски прашања со Грција

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција

Со изведување на докази од одбраната продолжува судењето за „Софтвери“

Редакција