еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопје има иста кумулативна инциденца како Дебар

Скопје, каде деновиве се бележи драстичен раст на бројот на заразени со Ковид-19, има иста кумулативна инциденца како Дебар, општината која беше во карантин еден месец, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 4. јуни, кои еМагазин секојдневно ги пренесува.

Кумулативна инциденца го покажува бројот на заразени на 100 илјади жители.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 368,6 заболени на 100.000 жители, Штип (273,4/100.000), Прилеп (227,7/100.000), Велес (208,3/100.000), Дебар (187,4/100.000), Скопје (187,0/100.000), Струга (134,1/100.000) и Тетово (128,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино“, стои во анализата на ИЈЗ.

Вчера во Скопје беа регистрирани рекордни 109 случаи, а во Дебар после педесетина дена корона вирусот се врати и е регистриран еден нов случај.

Скопје има досега вкупно 1.158 случаи на заразени, од кои активни се 552,  а Дебар вкупно има 52 случаи, од кои активен е 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден пациент од новопочинати од корона вирусот бил со претходни заболувања

Повеќе од половина од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Фотографот Плавевски: Звукот на белите дробови на заболените со Ковид-19 ќе остане со мене некое време

Еве како изгледа мапата по градови низ Македонија:

Фото: Град Скопје/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој стои позади бугарскиот клуб „Шемето“, чиј копретседател, Кадриески, беше натепан

Редакција

Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за авионски билети потрошил 102.857 денари

Редакција

„Таргет-Тврдина“: Свиркачот Лазаревски првпат влегол во системот за прислушување во 2008 година

Редакција