Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека кој било настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.
– Сè што ќе се одржи и ќе се придржуваат луѓето и организаторите до протоколите апсолутно не е ризик. Ние мора да научиме да живееме така. Така е во целиот свет. Во цел регион има пораст на случаите. Може ќе дадам една изјава, ќе ја кажам со резерва и може е преуранета, но мислам дека ние први изреагиравме, рече Филипче.
Во однос на тоа дали Комисијата за заразни болести одговорила на дополнителните прашања на Државната изборна комисија (ДИК) за заштита на граѓаните за време на избори и колку заштитни маски и средства за дезинфекција ќе треба да се набават, Филипче рече дека има доволно количини на заштитни средства и оти е одговорено на сите дополнителни прашања на ДИК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Има доволен број на кревети на Инфективна клиника и во ГОБ „8 Септември“
Три родилки кои дале лажни податоци ставија 18 вработени од болницата во Чаир во изолација
Фото: МЗ