еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба од 8 дена

Претседателот Стево Пендаровски синоќа донесе нова одлука за утврдување на постоење вонредна состојба на територијата на целата држава, а со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите.

Одлуката, како што информираат од Кабинетот на претседателот, е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.

-Политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули 2020 година. Во таа насока, одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на корона вирусот прогласена од Светската здравствена организација, стои во соопштението.

Како што се додава вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули.

По постигнатиот политички договор, претседателот Пендаровски очекува институциите навремено да ги преземат сите активности од нивна надлежност со цел квалитетна и комплетна подготовка и спроведување на изборниот процес.

Во таа смисла претседателот Пендаровски очекува деновите од вонредната состојба да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Претседателот Пендаровски очекува предвремените парламентарни избори да бидат фер, слободни и демократски, имајќи ја предвид евроатлантската перспектива на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата предложи вонредна состојба од 8 дена за спроведување на изборите

Заев и Мицкоски се договорија, избори на 15 јули

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема јасен став околу трета доза на вакцина против коронавирусот, вели Филипче

Редакција

(Видео) Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на Влада станува соодветна?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари

Редакција