еМагазин
Image default
Техно

Огромен пораст на заинтересираноста за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови

Последните месеци поминувавме повеќе време поминувавме дома, што нѐ натера поголемиот дел од енергијата и парите да ги вложиме во опремување на домот. Некои произведувачи и дистрибутери на мебел забележале огромен раст во онлајн пребарувањето на одредени парчиња мебел, пред сѐ кога е во прашање мебелот за во градина или тераса – дури до 260 проценти!

Не заостанува многу ни интернет пребарувањето на поими поврзани со декорација и дизајн, кое во текот на овие месеци порасна за 205 проценти. Во продолжение носиме неколку највпечатливи трендови во дизајн на ентериер, како и совети како да ги примените во својот дом.

Добредојдовте во џунглата

Биофилниот правец во дизајн на ентериерот и архитектурата е заснован на набљудувањето на надворешниот свет, користејќи материјали, бои и текстури, кои можат да се најдат во природата. Размислувајте во правец на сите нијанси на зелени, беж и земјени тонови, материјали како дрво, камен и ратан, кои веќе не се резервирани само за тераси и градини.

Од тука доаѓа концептот garden room, кој се постигнува со „пренатрупување“ со природни собни растенија од сите видови и големини, креирајќи мала зелена оаза во сред соба.

Мултифункционални простори (и мебел)

Со порастот на популарноста на учењето и работата од дома, мултифункционалните простори и парчиња мебел станаа еден од водечките трендови кога е во прашање дизајн на ентериерот. Строго одвоените простории ги замени концептот open space, а кога се работи за мебел, дизајнот отиде во правец на комбинирање впечатлива естетика и универзалност, дури и во технолошките уреди.

Телевизорите веќе не се само уреди за емитување на содржини, туку и дизајнерски парчиња кои го надополнуваат просторот. Тоа е случај со новите, несекојдневни Samsung телевизори под називот The Serif. Креиран од страна на познатите француски дизајнери, браќата Буруле, The Serif не е телевизор на кој му е местото покрај ѕидот – може да се наоѓа било каде во просторијата, дури и во самата средина.

Без оглед на тоа каде ќе го поставите, тој совршено се вклопува во околината и изгледа одлично од секој агол, а достапен е во небесно бела и небесно сина боја.

Print на print и мирис на југот

Како и во модниот свет, во последно време сѐ повеќе и повеќе се разгорува комбинирањето на различни принтови истовремено – пруги, цвеќе и геометриски примери, па не нѐ чуди зголемениот пораст на заинтересираност за шпанските бањи, кои ги карактеризираат разнобојни плочки со различни принтови.

Пребарувањето на интернет на овој поим порасна дури за  309 проценти во текот на 2020. година! Меѓутоа, не морате за застанете само на бањата. Охрабрете се и внесете го мирисот на Мароко и југот на Шпанија и во остатокот од домот, во вид на подно решение или детали на ѕидовите и мебелот.

Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино

Оваа година ќе ја одбележи и стилот под името grandmillenial или поедноставно – спој на модерниот дизајн и ретро елементите, кои изгледаат како да се наследени од баба. За да можете успешно да го примените во својот дом, фрлете се на пребарување на старите тавани и гаражи, но и пазари и антикварници.

Институтот за боја Pantone ја избра сината боја за боја на годината. За иновативен пристап, изберете монохроматски дизајн и обојте го целиот агол во класична, кралска сина.

Мурали, тапети, таписерии…

Што и да одберете од ова, акцентот е на ѕидот. Минимализмот веќе не е императив, па бирајте тапети со акварел цветен принт, или оние инспирирани од Јапонија.

Помеѓу водечките трендови се и ѕидовите нацртани со мурали, покриени со слики и фотографии во рамки во различна големина и облик, како и таписерии. За посебен ефект, помеѓу останатите елементи на ѕидот вклопете го и несекојдневниот Samsung The Frame – телевизор и уметничко дело во едно.

Благодарејќи на специјалниот режим, кој овозможува прикажување на слики и фотографии од единствената Art Store продавница кога телевизорот е исклучен, како и рамка во боја по избор, секогаш можете да имате различна декорација.

Трендовите се понекогаш и контрадикторни, па често ќе видите дека истовремено се in и неутрални, природни тонови, но и разиграните цветни мотиви и јаки бои. Затоа на крај имаме уште еден совет – бидете оригинални и не се двоумете да ги комбинирате наведените трендови на свој начин и во склад со својот ентериер. Сигурно нема да погрешите.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Технолошко-металуршкиот факултете отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори 

Редакција

#ОСТАНИ ДОМА: Имате вишок време? Сега е совршено време да се стане #foodstagram ѕвезда

Редакција

Играј, зачувај и сподели моменти: Новиот Samsung Galaxy A30s: Помоќен и со понапредни клучни спецификации

Редакција