На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти, од кои, седум се префрлени од ГОБ „8 септември“, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти, информираат од Министерство за здравство.
На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 109 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 30 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ информираат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140
Убава вест: Оздравени 46 пациенти, вкупно до сега 1.803
Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210
Фото: МЗ