еМагазин
Image default
Македонија

Девет новозаболени од Ковид-19 во Липково, пет во Куманово

Центарот за јавно здравје во Куманово последниве 24 часа регистрира 14 новозаболени пациенти од Ковид 19. Пет од новозаболените се од општина Куманово и девет од општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

Министерството за здравство денеска објави дека двајца пациенти од Куманово починале, кај пациентка (64) вирусот е потврден постмортем, а во општата болница Куманово починал 85-годишен пациент, хоспитализиран на 10 јуни.

– Во последно време, граѓаните се посовесни во однос на тестирањето, прифаќаат, иако одвреме- навреме има лица кои не ги кажуваат сите контакти. Настојуваме овој проблем да го надминеме во соработка со други други институции, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 65 тестови, од нив, 17 по мој термин, 46 се контролни и два согласно епидемиолошки индикации.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 668, а активни случаи се 219.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест скопски општини се со над 100 заболени од корона вирусот, во Чаир бројката се искачи на 336

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 216

Нови 182 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје 107

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Никола Груевски во Скопје

Редакција

Панчевски за предлогот на Мицкоски тој да биде на чело на новото СЈО: Ме предлагаат или сум лош пример?

Редакција

Нови 11 случаи на Ковид-19, оздравени 56, двајца починати

Редакција