еМагазин
Image default
Македонија

5 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, регистрирани 544 прекршоци поради неносење маски

На 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.

Од МВР потенцираат дека по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 544 прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За СПЦ Македонците биле неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка

Редакција

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски сам се пријавил во затворот во Шутка

Редакција

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција