еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Формирано Здружение на грчки бизниси во Македонија

Заштита и промоција на економските и професионалните интереси на членовите, како и развој на односите меѓу бизнис заедниците меѓу двете земји се целите на Здружение на грчки бизниси во Македонија формирано во четвртокот во Скопје, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Основачите на Здружението се 16 големи грчки компании во нашата земја, а за претседател е избран Арис Влахос, додека пак во управниот одбор учествуваат претставници на Стопанска банка, на ЕДС, Усје и Интракат.

„Се стремиме да станеме мост на комуникација помеѓу бизнисите од двете земји и да ги браниме интересите на грчките компании“, рекол Влахос според АНА-МПА и додал дека еден од приоритетите на Здружението е соработка со надлежните тела од двете земји.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ на 28 и 29 јули во Скопје на Економски форум со претставници на над 175 српски фирми

Редакција

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Редакција

„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници

Редакција