еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Просветната работничка од Непроштено, Богдановска го победи коронавирусот и даруваше крвна плазма

Јасминка Богдановска, просветен работник од тетовско Непроштено, која се излечила од коронавирусот, денеска донираше крвна плазма со што може да помогне во лекување други заболени.

Постапката е извршена во Институтот за трансфузиологија во Скопје.

-На 16 март ми беше дијагностициран Ковид-19 и бев прва заболена во општина Теарце. Поминав релативно лесно, дома без поголеми симптоми, а потоа и два негативни теста.

Во петокот во тетовската служба за трансфузија ми беше земена крв за испитување и беше утврдено дека има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Денеска крвната плазма ја дарував. Ги повикувам сите што ја победиле короната да даруваат крв и да спасат нечиј живот, изјави Богдановска.

Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста.

-Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.Таа се користи за лекување на заболените од Ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста, објаснуваат од Институтот за трансфузија на нивниот веб сајт каде ги има сите податоци за процесот на дарување.

Постапка за дарување плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Трае од 40 до 60 минути, се издвојуваат од 300 до 600 милилитри плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот.

Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И доктор од Итна медицинска помош од Македонски Брод даруваше крвна плазма за пациенти со Ковид-10

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лизгање на земјиште предизвика несреќа: Двајца браќа загинаа во Чаир

Редакција

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Редакција

Македонските средношколци пред нов предизвик – прв годишен математички натпревар UltiMATH со главна награда од 10.000 евра во кеш

Редакција