еМагазин
Image default
Бизнис

Владата донесе нови протоколи за музеите и галериите и измени кај обложувалниците и сместувачките објекти

Владата на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

На оваа своја седница Владата ги донесе и протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и препораки и упатства за спречување на ширење на Ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести го одобрила протоколот за јавни настани: Публика во 50 отсто од капацитетите

Сите детали: ДИК ги утврди протоколите за гласање на изборите, како ќе гласат заразените со Ковид-19?

Објавен новиот протокол за рестораните: До 12 лица на споени маси, гостите на растојание од 1,5 метри

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возилата на „Грин Машинс“ од Велес ќе се грижат за уреден и чист Сан Диего

Редакција

(Фото) Голема заинтересираност во првата недела од отворањето на Ист Гејт Мол

Редакција

„Игеа Мак“ го доби тендерот за одржување на електронскиот катастар вреден 767.000 евра

Редакција