еМагазин
Image default
Македонија

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на корона вирусот и пет деца

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 165 лица заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 71

Убава вест: Оздравеле 128 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 97

Седум пациенти починаа од корона вирусот во изминатото деноноќие, вкупно до сега 328

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработен во Дрекслмајер нов позитивен случај на коронавирус во Кавадарци

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Администраторот и креаторот на „Јавна соба“ повикани во полиција, МВР ќе поднесе кривична пријава

Редакција