Уставниот суд денеска за во септември го одложи одлучувањето за оценување на уставноста и законитоста на членот 353 став 5, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки, по кој се товарат и поранешни функционери во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Пред две години пред Уставен суд, членот го оспори адвокатот на дел од обвинетите во случаите на СЈО, Еленко Миланов.
Се спори делот за минимум 5 години затвор и одредбата која важеше претходно – минимум 4 години затвор. Ако судиите донесат одлука дека тие се неуставни, предметите би можеле да застарат побргу, а и да се донесуваат поблаги казни.
Фото: Уставен суд
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.