еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Аудио) Заев со „лажната“ Грета Тунберг зборува за Макрон, мигрантите, марихуана

Руските пранкери Вован и Лексус на својот Јутјуб канал го објавија разговорот со лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со младата активистка која се бори против климатските промени, Грета Тунберг и нејзиниот татко, снимен минатата година, кој досега не беше објавен.

Заев со „лажната„ Грета разговара меѓудругото за францускиот претседател Емануел Макрон и се согласува со „нејзе“ дека е ужасен, но не наседнува на „нејзиното“ наведување да зборува лошо за американскиот претседател Доналд Трамп, со кој вистинската Грета е во постојана „војна“.

Разговараат и за мигрантите, а Заев во снимката вели дека е одличен проект да им се даде вдомување и работа во земјава.

Со “лажниот“ татко на Грета зборува за пушењето марихуана и за нејзина легализација за рекреативна употреба…

Лани руските пранкери, за кои светските медиуми пишуваат дека не се наивни комичари, туку дека позади нив стојат и разузнавачки структури, објавија разговори во кои му се претставија на Заев како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Измамата пак со „лажната“ Грета беше откриена минатата есен, а владиниот советник за комуникации, Марјан Забрчанец тогаш изјави дека бил разоткриен хибриден напад врз Кабинетот на премиерот и дека разговорот му бил сомнителен на Заев, како и дека знаел оти станува збор за измама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските „пранкери“ за „Политика“: Освен Заев, не успеавме да лажеме друг функционер цела година

Кои се руските „пранкери“ кои го измамија Заев: Комичари или службеници на Кремљ?  

Заев смета дека Русија нема никаква врска со „местенката“ на комичарите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција, договорот е потпишан

Редакција

Унгарската полиција ја прекина истрагата за Груевски, во земјата влегол легално

Редакција

Свети Николе за неколку дена стигна до 105 активни случаи на Ковид-19

Редакција