еМагазин
Image default
Локално

Повреден полицаец од Куманово кој се обидел да уапси штипјанец

Полициски службеник од Куманово е повреден кога штипјанец во обид да избега со возилото го повлекол службеникот, потврди денеска МВР. Настанот се случил во центарот на Куманово.

Денеска околу 13:30 часот на улицата „Тане Георгиевски“ во Куманово, полициски службеник од СВР Куманово, кој извршувал службени дејствија со „пајак служба“, забележал непрописно паркирано возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, сопственост на М.П.(29) од Штип и издал наредба возилото да биде кренато со специјалното возило „пајак“.

Набргу потоа дошол сопственикот и на местото ја платил казната за непрописното паркирање, по што возилото било спуштено.

-Во меѓувреме, по извршени проверки, полицискиот службеник добил информација дека лицето е предмет на потрага и треба да биде лишено од слобода. Во тој момент, М.П. веќе бил во возилото и кога полицискиот службеник се обидел да го спречи да замине, тој го стартувал возилото и со него го повлекол полицискиот службеник, кој притоа се здобил со повреди, по што успеал да побегне, соопштува МВР.

Возилото било пронајдено, а М.П. се дал во бегство.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата е на највисоко ниво, велат од МВР за исчезнатата малолетничка

Редакција

Прилепчанец почина откако со возило излетал од патот Прилеп-Битола

Редакција

Скопјанец со товарно возило удрил во жена

Редакција