еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ресен и Штип со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 5 јуни најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Ресен.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Ресен со 746,1 заболени и Штип со 740,4 на 100.000 жители, Куманово (561,4/100.000), Скопје (554,4/100.000), Дебар (396,3/100.000), Струга (395,0/100.000), Тетово (388,0/100.000) и Охрид (365,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Кочани“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин редовно ја пренесува.

Како изгледа состојбата низ Македонија:

Според последните податоци, објавени вчера, во Скопје има вкупно 3.656 случаи на Ковид-19, од кои активни се 1.928, во Куманово 818, од кои активни се 179, во Дебар 120, од кои активни се 67, во Штип 411, од кои активни се 166, во Тетово 831, од кои активни се 351, во Струга 288, од кои активни се 187, во Охрид 218, од кои активни се 189 и во Ресен 129, од кои активни се 88.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29,6% од заболените со Ковид-19 без симптоми, 64,1% имале контакт со потврден случај

Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Директор на Клиниката за неврологија, Иван Барбов позитивен на Ковид-19

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје склучи договор со ЈУ-БАЈ 2 Амет, вреден 2,8 милиони евра

Редакција

Околу 150 прехранбени компании ќе бидат префрлени на регулиран пазар на струја за да се намалат цените на основните производи, најави Бектеши

Редакција

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Редакција