еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Балканот „врие“: Протести од Србија до Грција

И синоќа граѓаните ширум Србија излегоа на протести поради начинот на кој српската Влада се справува со кризата со Ковид-19 и поради општото незадоволство од работењето на власта, но овој пат протестите беа мирни.

Се протестираше во Белград, Нови Сад, Ниш…, а демонстрантите седеа по улиците, за да го спречат инфилтрирањето на провокатори, кои смислено сакаат да ги прикажат протестите како насилни, па претходните денови се судрија со полицијата.

Вчера се протестираше и во Грција, поради изгласување на контраверзен закон, со кој се ограничуваат јавните демонстрации.

Грчката полиција во Атина употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа пред парламентот за да го изразат своето незадоволство.

Агенцијата АП пренесе дека освен во Атина, протести имало и во 40 други грчки градови, а на нив учествуваа околу 10.000 лица.

Вчера се протестираше и во Софија, откако беа приведени секретарот на шефот на државата, Пламен Узунов и Илија Милушев, советник за безбедност и одбрана, а на истиот присуствуваше и бугарскиот претседател Румен Радев.

Фото/видео: Твитер/Savvas Karmaniolas/Горица Николин/NOVA S/Маја Вукас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат, ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат, порачува Филипче

Редакција

Додека не се донесат официјални одлуки, јас сум член на БЕСА, а партијата е дел од Владата, вели Реџепи

Редакција

Зголемување од 2,5 пати: „Макпетрол“ оствари добивка од 12,5 милиони евра

Редакција