еМагазин
Image default
Бизнис

99,2% помалку од лани: Во мај само 838 туристи

Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е за 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.

Според статистиката, бројот на домашните туристи во мај 2020 година во однос на мај 2019 година е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 96,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 98 проценти.

Во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапуваат и цигарите

Редакција

Жителите на Ново Маало со поддршка за проектот кај „Холидеј ин“: Ќе се реши проблемот на многу семејства и ќе се добие зеленило

Редакција

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Редакција