еМагазин
Image default
Локално

Полицајци спречиле крвав крај на тепачка во скопска кафеана

На 18.07.2020 во 05.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(38) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на ул.„23 Октомври“, додека седел со двајца другари, физички бил нападнат од неколку лица, информира МВР.

Според пријавеното, лицата продолжиле со нападот надвор од објектот, при што едно од лицата се обидело да го нападне со остар предмет, но во тој момент дошла полиција и ги привела напаѓачите.

Во полициска станица на лицата З.К.(28), Д.Ј.(37) и А.Т.(38), сите од Скопје, сочинети им се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен гевгеличанец кој кршел и се заканувал на вработените во Здравствениот дом

Редакција

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Редакција

Несекојдневен случај: Сто килограми катран од афион откриени во куќа во Кавадарци

Редакција