еМагазин
Image default
Македонија

ДИК денеска ќе почне да ги разгледува партиските приговори за предвремените избори

Државната изборна комисија (ДИК) за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши синоќа во 19:30 часот.

Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката за гласање за што рокот заврши во петокот во 21 часот, а ДИК за нив треба да одлучи во рок од 72 часа од поднесувањето.

Најмногу приговори поднесе Левица 1.982, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговор.

Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партиите ја „окупираа“ ДИК: Поднесени 2.141 приговор за изборите, дури 1.982 од Левица

ДИК „најде“ технички грешки во изборните резултати: Повеќе важечки и неважечки ливчиња

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Следете во живо) На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Редакција

Во Ханиоти со над 20 куршуми убиен бизнисмен од Македонија, друг македонски државјанин е ранет

Редакција

Македонија нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадиција на Груевски од министерство во Унгарија

Редакција