еМагазин
Image default
Локално

Професор од Кичево делел сведителства иако бил во задолжителна самоизолација

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе до надлежното Јавно обвинителство кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осомничениот како класен раководител во основно училиште во Кичево им ги врачил сведителствата на учениците од класот иако потпишал изјава за задолжителна самоизолација.

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мош и Интермецо казнети за гласна музика со по 13.000 евра

Редакција

Драчевчанец си ја бара сопругата

Редакција

Приведен дилер на хероин од Тетово

Редакција