еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Од хуманост никогаш доста – Центро Унион донираше Favorit Electronics апарати за бела техника на младата девојка од Штип

Во неволја се познава искреноста и добрината, а овој пат тоа го докажа и македонската компанија Центро Унион.

Повикот за помош на младата девојка од Штип, која беше физички нападната од двајца сограѓани, го слушна Здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа.

Неодамна таа го загуби својот татко и остана сама во долгови и дотраена куќа, без основни услови за живот. Со 200.000 денари долг и социјална помош од 4.000 денари, младата и невработена девојка се наоѓа во ситуација, од која што без помош, тешко би успеала да се стабилизира.

По објавувањето на повикот за помош на социјалната мрежа Facebook од страна на Проект Среќа, македонската компанија Центро Унион одлучи да придонесе и да понуди помош.

Компанијата донираше нови апарати за бела техника од Favorit Electronics за домот на девојката, кој ќе биде опремен со машина за перење, електричен шпорет, LED TV 32”, како и со аспиратор.

Овие производи ќе го олеснат тешкиот живот на младата девојка, која се труди да застане на здрави нозе и да продолжи нормално да го живее својот живот.

Секоја помош за оваа девојка е добредојдена од хуманите луѓе и компаниите, а помошта на Центро Унион е пример и апел за секоја друга компанија во земјата која може да се приклучи на хуманитарната донација.

Центро Унион е пример на општествено одговорна македонска компанија, која освен што се грижи за квалитетот на производите и задоволството на потрошувачите, секогаш наоѓа начин да се грижи и за оние на кои најмногу им е потребна помош.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фестивал на кратки филмови, ја избра Битола за домаќин на „Balkans Beyond Borders“

Редакција

Новогодишни пакетчиња од ОКТА за децата од околните основни училишта

Редакција

„Лос Анџелес тајмс“ го вброи „Медена земја“ меѓу четирите најсериозни кандидати за „Оскар“

Редакција