еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре и задутре температурата до 40 степени, стаблизирање од недела

Темпeратурата на воздухот утре и задутре според најавите на метеоролозите ќе се искачи до 40-тиот степен, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Од УХМР најавуваат дека сончево и многу топло време ќе преовладува до недела кога ќе настапи повторно стабилизирање на времето и пад на температурите.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 30 до 40 степени. Утринската од 14 до 24 степени.

И задутре времето ќе биде сончево и топло, со утрински температури од 14 до 24 и максимална од 34 до 40 степени.

Во сабота претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе биде од 15 до 25, дневната максимална од 30 до 38 степени.

Спуштање на темпратурата се очекува во недела, кога максималната температура ќе се искачи до 34 степени. Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој ќе присуствува на божикниот ручек кај г.г. Стефан

Редакција

Во Македонија молк за провокацијата со картата на Санстефанска Бугарија која ја објави Каракачанов

Редакција

Од 1 декември субвенционирана струја ќе добиваат и 233 основни и средни училита, 50 јавни претријатија и 235 субјекти од прехранбениот сектор

Редакција