еМагазин
Image default
Бизнис

Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?

Светската пандемија со ковид-19 се очекува да има силни економски последици врзглобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија која е од отворен тип, соопшти Комерцијална банка преку Македонската берза.

„Согласно објавените податоци и показатели за остварувањата во реалниот сектор, негативните ефекти веќе се видливи, додека последиците врз финансискиот систем ќе се почувствуваат со одредено временско задоцнување.

Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување. Макроекономските услови во кои банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.

Согласно објавените проекции од Народната банка, се очекува БДП во 2020 година да забележи пад од -3,5%. Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, соодветно корегирање на финансиските проекции за 2020 година при што ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковид-19 не ја „зарази“ Комерцијална банка: За шест месеци добивка од 12 милиони евра

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 164.000 евра

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани на Македонската берза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осигурениците наплатиле 15 милиони евра од штети за три месеци, 9,5% повеќе од лани

Редакција

Се уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември

Редакција

„Стокопромет“ ја зголеми добивката

Редакција